Началникот на ГШ на вооружените сили на Унгарија во посета на АРМ

Скопје, 4 мај 2016 (МИА) - Во дводневна официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија од денеска ќе престојува началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Унгарија генерал Тибор Бенко.

Делегацијата на ВС на Унгарија придружувана од амбасадорот на Унгарија во Македонија, Јожеф Бенце ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на домаќинот, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

Како што е најавено, генералот Бенко денеска ќе  оствари средба и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Безбедносната ситуација во регионот со осврт на емигрантската криза, процесот на трансформација на АРМ и учество во операции за поддршка на мирот, тековната состојба и унапредување на билатералната армиска соработка со понуда на капацитетите со кои располага МО на РМ и АРМ, се темите на кои ќе се разговара на средбите.

Началникот на ГШ на ВС на Унгарија, за време на престојот во Република Македонија ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС Ѓорге Иванов, а ќе го посети Армискиот полигон „Криволак“ и караулата Богородица на македонско-грчката граница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...