Струга се подготвува за традиционалната литија со чудотворната икона и моштите на свети Ѓорѓи Победоносец

Струга, 4 мај 2016 (МИА) – Традиционално и оваа година ден по празникот Ѓурѓовден, Струга и околината ќе бидат осветени со моштите на свети Ѓорѓи Победоносец и неговата чудотворна икона. Голем број граѓани ќе бидат дел од свечената литија, која датира од дамнина, но се возобновува од 2010 година со носењето на моштите на свети Ѓорѓи од истоимениот манастир во Рајчица.

Чествувањето, како што информира отец Васко Голабоски, ќе почне со дочек на моштите на свети Ѓорѓи од манастир во Рајчица околу 16:30, продолжува со вечерна богослужба и носење на моштите и чудотворната икона низ струшките улици во присуство на братството и сестринството на Бигорскиот манастир и на Рајчица.

- Моштите ги примаат неколу угледни стружани ги внесуваат во црква. При нивното внесување почнува вечерната богослужба и парастосот за сите кои помогнале при градењето на црквата. Потоа продолжува подготвувањето за носење на иконата. Четворица ја носат чудотворната икона која датира од 14 век, житие на свети Ѓорѓи со опис на неговите страдања, а на средина е насликан светецот до половина. Прва оди иконата, свештениците, пеачите и на крај моштите, а потоа доаѓа редицата народ, истакна отец Голабоски.

Литијата, додаде тој, ќе се движи низ главната улица покрај Црн Дрим, по новото шеталиште, низ чаршијата и завршува во храмот „Свети Ѓорѓи“, каде последен поклон и целив на моштите ќе им оддадат сите христијани што ќе успеат да стигнат.

- Со учеството во оваа литија и празнување народот придонесе за истакнување и продлабочување на верата кај христијаните на ова наше тло, рече отец Голабоски.

Литијата посветена на свети Ѓорѓи Победоносец е стара вековна традиција кај стружани, некогаш се правела посвечено, но имало периоди кога било и поскромно, а свој раскош добива последниве години. Илјадници верници од земјава, но и странство се собираат за свечениот дочек да се поклонат пред моштите на свети Ѓорѓи Победоносец и да ја испочитуваат древната традиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...