Презентирана ревидираната Национална програма за усвојување на правото на ЕУ

Скопје, 4 мај 2016 (МИА) - Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Република Македонија беше презентирана ревидираната Национална програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) за 2016 година. 

Како што информира Секретаријатот, вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми се осврнал на  актуелната политичка ситуација, нагласувајќи ја потребата од брзо наоѓање излезно решение, и истакнал дека наша единствена алтернатива за обезбедување европска иднина на земјата е спроведување на демократски, кредибилни избори чии резултати ќе бидат широко прифатени.

- Воедно, од круцијално значење е натамошна агресивна имплементација на Итните реформски приоритети, обезбедување на препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори, продлабочување на добрососедските односи, решавање на отворените билатерални прашања и, секако, продолжување со проактивен и позитивен однос кон сите регионални иницијативи и воопшто регионалната соработка, истакнал Адеми.

За Националната програма за усвојување на европското право, која е за периодот 2016-2020, Адеми подвлекол дека од 2006 година до сега Владата на Република Македонија и нејзината администрација, под координација на СЕП, а врз основа на наодите и препораките на Извештајот на Европската комисија, подготвува сеопфатна ревизија на НПАА, од сите аспекти - политички, правни, административни и финансиски.

- Ревизијата на НПАА за 2016 година го задржува истиот методолошки концепт за подготовка на овој документ. Посебно внимание беше посветено на поврзувањето на приоритетите на НПАА со Итните реформски приоритети и Планот на активности,реализација на итните реформсми приоритети (ПАРИРП), вклучувајќи ги и целите на Пристапниот дијалог на високо ниво, Економската реформска програма (ЕРП) и Стратегијата за Југоисточна Европа 2020, наведува СЕП во соопштението. 

Потпретседателот на Владата за европски прашања истакнал дека партнери во овој заеднички процес се институциите на ЕУ и претставниците на земјите членки и дека секој совет и помош од нивна страна во функција на напредокот во постигнувањето на нашите евроатлантски аспирации искрено ги цениме и ги сметаме за добронамерни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...