Одбележување на Јом Ашоа во спомен на жртвите на холокаустот

Скопје, 5 мај 2016 (МИА) - Во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје денеска ќе биде одбележан Јом Ашоа - ден за сеќавање на шесте милиони убиени Евреи од нацистите во Втората светска војна и 73 години од востанието на Евреите во Варшавското гето.

На комеморацијата симболично ќе бидат запалени шест свеќи и ќе биде отворена изложбата „Толеранција, дијалог и соработка: еврејската традиција, култура и историја, како дел од македонското мултикултурно општество“. Таа е дел од истоимениот проект кој се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Половина милион Евреи биле собрани во Еврејското гето во окупирана Варшава, на површина од 2,5 километри квадратни, од каде биле депортирани во логорите на смртта. На 27 април (нисан по хебрејскиот календар) 1943 година тие кренале востание и голораки, боси, гладни и без надеж, сакајќи само достојно да умрат, се обиделе да дадат отпор на нацистите. Тие тоа сурово го казниле и по наредба на Хитлер гетото било уништено.

Тој датум израелскиот Кнесет го утврдил како национален ден за сеќавање на холокаустот и на тој ден се одржуваат комеморации во сите земји каде што има еврејски заедници.

Комеморацијата за убиените Евреи е воедно и за 7.144 Евреи од Македонија, или 98 проценти од вкупната еврејска популација тогаш во Македонија, кои на 11 март 1943 биле собрани од нивните домови и депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...