Изложба „Recurring Landscapes“ на хрватските уметници Дамир Жижиќ и Кристијан Кожул

Скопје, 5 мај 2016 (МИА) - Изложба „Recurring Landscapes“ на хрватските уметници Дамир Жижиќ и Кристијан Кожул ќе биде отворена денеска во објектот на Националната галерија на Македонија, Чифте амам.

Изложбата се состои од неколку инсталации произведени наменски за просторот на Чифте амам, кои произлегуваат од неодамнешната работа и интереси на уметниците. Изложбата го истражува феноменот на подоброто претставување и генеричкото искуство, кои се од централно значење за трансформирање на менталниот приказ под влијание на глобалниот пазар и маркетинг индустријата.

Делата на Жижиќ и Кожул се дел од колекциите на Музејот на современата уметност во Загреб, Музејот на модерна и современа уметност во Риека и Куќата Лауба во Загреб.

Уметникот Жижиќ на прес-конференцијата по повод изложбата истакна дека во своите дела се занимаваат со методологијата на самиот медиум, со методологијата на креирање на желбите, за што, како што рече, сведочат делата кои се формирани преку директен медиумски јазик кој го користи каква била маркетиншка или медиумска струка надвор од уметничката.

- Многу често сме сведоци дека симболиката и јазикот во медиумите и маркетингот произлегуваат од современата уметност и, исто така, се враќаат во современата уметност. Токму тоа место каде се вкрстуваат маркетингот и уметноста ни е појдовна точка на инспирација во која едноставно се обидуваме на ист јазик да зборуваме за други работи, односно како функционира креирањето на нашата желба преку некаков јазик на медиумите, рече Жижиќ.

Меѓу делата кои ќе бидат претставени на изложбата е „Recognizable Landscape“ (Aquamarine), кое индустриски претставува инџет отпечаток на рекламна церада и прикажува фрагментиран одблесок на Сонцето во базен кое ја покрива целокупната површина на платното. Компјутерски генерираниот пејзаж користи реалност како визуелен темел, создавајќи целосно фиктивна глетка понудена на набљудувачот како препознатлив фрагмент на совршено летно искуство.

Едно од делата е насловено „Cassis Cornuta“, кое како основа користи школка која уметниците ја купиле во сувенирница на брегот на Јадранското Море, а егзистира во Тихиот или Индискиот Океан.

Изложбата на двајцата уметници од Хрватска во Чифте амам ќе биде отворена до 19 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...