Дол: Ова што се случува во Македонија е театар што не може повеќе да се толерира и затоа се потребни избори

Брисел, 4 мај 2016 (МИА) - Жозеф Дол, претседателот на најголемата политичка партија во Европа, Еворпската народна партија (ЕПП), на конференцијата „Западен Балкан: Кон европската иднина“ што денеска се одржува во Европскиот парламент во Брисел, испрати силна порака против она што македонската опозиција го прави во Република Македонија, нарекувајќи го театар.

Дол, кој е претседател на партијата што ги дава германската канцеларка Ангела Меркел, еворпскито лидерски двоец Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, како и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, беше дециден дека она што се прави во Македонија повеќе не може да се толерира и дека затоа се потребни изборите како решение на се, јавува дописникот на МИА од Брисел.

- Корупцијата е голем проблем во сите балкански земји и за истата да се реши потребно е да се земат европските стандарди. Ние гледаме потешкотии во Република Македонија и кога слушам и гледам што се случува во Македонија имам впечаток дека е како некоја театарска претстава. Потребни се изборите во земјата, бидејќи повеќе не може да се толерира оваа ситуација. Се мора да се преземе за да се реализираат демократски избори во земјата час поскоро и одговорноста за тоа е на двата спротивставени политички спектруми во Македонија, беше дециден Жозеф Дол.

Инаку, на денешната конференција на ЕПП во Европарламентот во Брисел учествува и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, заедно со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Ивањиќ, европратениците Андреј Пленковиќ, Елмар Брок, Едард Кукан, Дејвид Мекалисер, Кристијан Дан Преда и други, како и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...