Попоски во ЕП: Македонија ќе излезе посилна и ќе биде членка на ЕУ

Брисел, 4 мај 2016 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Попоски, попладневно учествува на конференција „Западен Балкан: Кон еворпската иднина“ што во организација на Еворпската народна партија се одржува во Европскиот парламент во Брисел. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, заедно со Попоски на оваа конференција на најбројната политичка опција во Европарламентот учествуваа и членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Ивањиќ, европратениците Андреј Пленковиќ, Елмар Брок, Едард Кукан, Дејвид Мекалисер, Кристијан Дан Преда и други, како и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.

Во својот настап на конференцијата, македонскиот шеф на дипломатијата порача дека се работи за значајна дебатата, посебно за темата, а најмногу за времето во која се случува, бидејќи ова се времиња што се исполнети со предизвици и за самата Европска унија, за балканскиот регион и за Македонија.

- Она што е можеби најважно за нас е дека и во вакви комплицирани времиња има луѓе во рамки на ЕУ што сакаат да упатат јасна порака дека ветувањата што се упатени уште од 2003 година оти целиот Балкан ќе биде дел од Европската унија - ќе бидат исполнети. Веројатно тоа нема да се случи утре и веројатно нема да се случи без поголем број на потешкотии во тој процес. Впрочем и во самата Европска унија има гласови што говорат повеќе за излегување од ЕУ отколку за влегување. Но, едно е јасно, а тоа е дека Унијата успеала и во такви кризни ситуации да излезе посилна. Тоа ќе биде случај и во овој момент и значајно е да ги слушнеме тие гласови на разум дека проширувањето како проект на Европската унија е веројатно најдобриот и најуспешниот мировен проект што било-кога се случил во рамки на Европската унија, порача министерот Попоски.

Како прв човек за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски посочи дека тоа што го вели, важи и за Македонија.

- Колку и да ни звучат некои предизвици во моментов тешки и ненадминливи, јасно е дека Македонија ќе излезе посилна од овој процес и јасно е дека Македонија ќе биде земја-членка на Европската унија. Тој процес нема да биде лесен, нема да биде без потешкотии, но мислам дека на вакви конференции како оваа можеме да ја потврдиме пораката дека Македонија со сигурност ќе биде дел од ЕУ и во меѓувреме ќе биде посилна држава и посолидна како членка и како економија, заклучи Попоски.

Сите останати говорници се посветија на Солунската агенда на Еворпската унија од 2003 година и дека како ветување кон балканските земји треба да се исполни. Токму во име на Еворпската народна партија, европратениците-говорници од оваа политичка опција десно од центарот дадоа ветување дека ЕПП ќе се погрижи по мораториумот за проширување на Унијата, што завршува во 2019 година, дека ЕУ ќе се отвори за останатите од Балканот што се уште не се дел од Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...