Петир: На власт се доаѓа по демократски пат на избори

Скопје, 5 мај 2016 (МИА) - Изборите во Македонија веќе не треба да се одложуваат. На власт се доаѓа по легитимен и демократски пат. За исполнетост на условите за избори единствено надлежна да се изјасни е Државната изборна комисија, а не некој однадвор. Сите политичари и политички партии треба да го почитуваат постигнатиот договор и заеднички да направат се да и помогнат на Македонија во нејзините евроинтеграции. За нивно реализирање, пак, билатерални прашања, како прашањето со Грција, не треба се поставуваат како услови за почнување на преговорите, порача денеска хрватската европратеничка Маријана Петир.

Таа пред дебатата на тема „ЕУ разговори: Политиката на проширување и нејзините перспективи“, што во Скопје ја организира Секретаријатот за европски прашања, истакна дека Македонија одамна ги исполнила сите услови да ги почне преговорите со ЕУ. Доколку Советот на ЕУ продолжи со политиката која сега ја води, рече, ќе го покаже својот некредибилитет, а тоа не е добро бидејќи никогаш на ниту една земја која била кандидат за членство во ЕУ не и се поставувани услови кои се однесувале на билатерални прашања.

- Македонија за стопирана поради билатерално прашање со Грција и од оваа позиција од  денешната конференција повторно ќе го повикам Советот да ги отвори преговорите бидејќи Македонија тоа го заслужува, рече таа.

Се согласува дека патот на Македонија кон европските интеграции го отежнуваат и внатрешнополитичките проблеми.

- Мислам дека македонските политичари имаат доволно одговорност и љубов за сопствениот народ за да сфатат дека приоритет се европските интеграции и дека околу тоа треба да постигнат единство. Постојат многу прашања околу кои политичарите може да се конфронтираат, да ги аргументираат своите ставови, да ги изнесуваат своите програми и вредностите за кои се заложуваат и тоа нивните бирачи ќе го препознаат, истакна Петир.



Ги повика сите македонски политичари и политички партии да покажат единство, и, како што рече, да го занемарат она што ги раздвојува, да видат што ги спојува и да и помогнат на Македонија на важниот пат кон Европската унија.

- Македонија е важна за ЕУ и е важна за стабилноста на регионот. И не смееме да го занемариме фактот дека Македонија ги чува надворешните граници на Европската унија што би требало да го прават и некои други кои одамна се членки на ЕУ, истакна Петир.

Додаде дека Македонија веќе покажала дека има многу важна и клучна улога во оваа мигрантска криза.  Таа, рече Петир, реагираше добро и правовремено, побара помош кога тоа требаше. 

- Се надевам дека Комисијата од ова прашање, а и од некои мои разговори и говори ќе сфати дека улогата на Македонија е многу клучна и дека на Македонија треба да и се помогне. На земјата и треба една политичка поддршка поинаква од онаа што во моментов ја добива од ЕУ. Вие знаете дека Европскиот парламент и ЕК се со ист став по прашањето со почетокот на преговорите, но нас проблем ни претставува Советот, односно прашањето кое Грција одново и одново го поставува на дневен ред, а  знаеме дека токму таа ја прекрши Времената спогодба со Македонија, истакна хрватската европратеничка.

Во врска со можноста препораката за членство во ЕУ да и се одземе на следниот самит бидејќи таа е условена со решавањето на политичката криза хрватската европратеничка посочи дека токму поради тоа порачува со заеднички сили да се решат внатрешните проблеми, да се почитува договорот што е потпишан минатата година, да не се поткопува и изборите повеќе да не се одложуваат.

- На власт се доаѓа по демократски пат, на власт се доаѓа со избори, тие што ќе добијат мнозинство на тие избори ќе имаат легитимитет и ќе може да ги спроведуваат своите програми, но ќе имаат и посилна и легитимна позиција, исто така да преговараат и да даваат аргументи на онаа страна која го опструира македонскиот пат во ЕУ, истакна Петир.

Ги повика сите кои го имаат потпишано договорот од минатата година да почнат да се придржуваат кон него, да се осигураат легитимни и демократски и фер избори, а изборите веќе да не се одложуваат и на таков начин на Македонија да и се даде демократска и легитимна власт која ќе работи во интерес на македонскиот народ.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со ставот на одредени претставници на меѓународната заедница дека нема услови за фер избори Петир истакна дека на Македонија не и треба никаков тутор за кое било прашање.

- Мислам дека Македонија, македонските политичари и македонскиот народ се доволно способни да водат своја внатрешна политика. Постои Државна изборна комисија која ја повикувам да се изјасни околу тоа дали избирачките списоци се во ред и дали сте подготвени за избори или не. Јас за тоа не можам да одлучувам, но секој го има преземено делот од обврските од договорот кој беше потпишан минатата година. Дали ДИК ги исполни своите обврски? Колку што знам таа е именувана од Собранието, е легитимна и ја сочинуваат по тројца претставници од власта, опозицијата и од експертите. Дали некој се сомнева во работата на ДИК? Јас не знам, но вие треба на тоа да одговорите. Сепак, ми се чини дека процедурата на нејзиното именување е целосно фер и во ред и дека се застапени сите кои треба да бидат застапени, истакна Петир.

Побара ДИК да излезе во јавност и да одговори на забелешките кои се појавуваат. - Тоа треба да го каже овластено тело, а не некој од страна, не јас, ниту пак кои било други претставници на други земји. Тоа не е наша работа, смета Петир.

Во врска со најавите дека е можно ЕУ да преземе санкции кон Македонија Петир истакна дека тоа не е можно да се случи.

- Не може ЕУ да носи какви било санкции кон Македонија. Вие сте суверена земја која има свој Устав и во таа смисла функционирате како самостојна држава, така што не гледам дека ЕУ би можела какви било санкции да преземе кон вас. Она на што јас ја повикувам ЕУ, односно сите оние за кои сметам дека се добронамерни кон Македонија е да и помогнат. Пријателството се покажува така што ќе ви се помогне кога ќе потклекнете или ќе паднете, да ве подигнат, да ви се даде добар совет и да ви се обезбеди помош, а не уште дополнително да ви се подметне нова, така што никакви санкции не доаѓаат предвид, вели Петир.

Таа, како што рече, е член на Европскиот парламент кој ја покренал и ја води неформалната група за пријателство со Македонија. Тоа, рече Петир, зборува дека јас навистина сум пријател на Македонија и дека сум подготвена да помогнам онолку колку што е можно за да ги надминеме сите препреки кои се поставуваат пред неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...