Орав: Институциите да служат на интересите на сите

Скопје, 5 мај 2016 (МИА) -  Институциите треба да им служат на интересите на сите граѓани, порача евроамбасадорот Аиво Орав во обраќањето на денешната конференција „Ден на интегритетот - спречување на корупција и судири на интереси во единиците на локалната самоуправа“.

- Вашата земја во моментов се соочува со сериозна политичка криза и криза во однос на владеењето на правото, рече Орав, дополнувајќи дека зголемените напори за борба против корупцијата на централно и на локално ниво се клучни за напредокот на земјата.

За жал, оцени,  скорешната одлука на претседателот Иванов за помилување ги поткопува овие напори. - Во однос на тоа сите државни институции треба да му помогнат на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да ја врши својата работа. Сепак, граѓаните на оваа земја со право очекуваат од своите тела за спроведување на законите да ја спроведуваат правдата и да се борат со корупцијата. Овие институции не треба да им служат на интересите само на неколку, туку на сите, потенцира евроамбасадорот Орав.

Заменик-амбасадорот на Германија во Македонија Хелге Зандер, пак, рече дека многу важна работа за сите политички партии во државата е да се создаде околина за непречена работа на СЈО.

- Една целосна истрага за ова е навистина камен темелник за да се има доверба, стабилност, рече Зандер, додавајќи дека Германија дава поддршка на непреченото работење на СЈО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...