Амбасадорот Бејли во посета на ДУТ

Тетово, 5 мај 2016 (МИА) - Амбасадорт на САД во Македонија Џес Бејли денеска го посети Државниот универзитет во Тетово каде се сретна со ректорот на ДУТ Вулнет Амети. Ова е прва службена посета на амбасадорот Бејли на ДУТ.

- САД имаат повеќе видови соработка со универзитетите во Македонија како стипендии, студиски патувања и слично директно со американската влада, но, истовремено и со подршка на нашите институции да се поврзат со универзитетите тука. Ова е важен дел од мојата работа во Македонија  да ја засилувам ваквата соработката и со тоа уште повеќе да се зацврстуваат долготрајни врски помеѓу нашите две земји и особено луѓето кои треба уште повеќе да се поврзуваат и да го прошируваат нивното меѓусебно разбирање на себе си и на светот. Вака јас гледам на оваа и другите посети на универзитетите во Македонија, изјави амбасадорот Бејли.

Ректорот на ДУТ Амети, пак, истакна дека студентите, професорите и администрацијата на ДУТ се благодарни на САД за нивниот придонес за оваа институција од почетоците на нејзиното формирање и од, како што рече, нивните заложби за промовирање на демократијата и академските вредности.

- Ние како управа на ДУТ се обидуваме да го унапредиме ова пријателство и да ја зачуваме соработката со американските универзитети преку познати професори од САД кои предаваат на нашите факултети како преку заедничко учество во неколку меѓународни научни проекти во различни полиња, рече Амети.

Во рамките на својата денешна посета на ДУТ амбасадорот на САД Џес Бејли одржа предавање под наслов „Изборите во САД – лични видувања “ по чие завршување одговараше на прашања на присутните студенти и професори од ДУТ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...