Честитка од Спасовски за Денот на македонската полиција - 7 мај

Скопје, 5 мај 2016 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка до припадниците на МВР по повод Денот на македонската полиција - 7 Мај.

Спасовски им честита на припадниците на полицијата за професионализмот во извршување на одговорните задачи и лојалноста кон Република Македонија. Се заблагодарува за посветеноста и пожртвуваноста што ја манифестираат во секојдневното ангажирање со човечност и хуманост во справување со кризните состојби.

- Вашата заложба и професионалност која ја покажувате е пример како полицијата треба да биде гарант за безбедноста на сите граѓани на Република Македонија. Од вас се очекува да бидете на висина на задачата, истрајни и професионални и да постапувате согласно Уставот и законите. Свесни дека во овој момент да бидеш припадник на македонската полиција е тешка и макотрпна задача, вие останавте на браникот на татковината и покажавте како се чува и сака Република Македонија, наведува Спасовски.

Тој потенцира дека верува во капацитетот на припадниците на МВР дека и во иднина ќе истрајат во справувањето со безбедносните предизвици борејќи се за добробитта и напредокот на македонското општество и граѓаните на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...