Одбележани 73 години од смртта на шесте милиони Евреи во Варшавското гето

Скопје, 5 мај 2016 (МИА) - Со палење шест меморијални свеќи, денеска во Музејот на холокаустот беа одбележани 73 години од востанието и смртта на шесте милиони Евреи во Варшавското гето.

По повод Јом Ашоа - Националниот комеморативен ден на холокаустот, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија потсетија на универзалната порака: „Никогаш да не се повтори“.

- Се навршуваат 73 години од херојската епопеја на востанието на Евреите од Варшавското гето кои, одбирајќи достоинствена смрт, голораки, гладни и изнемоштени, се дигнаа против нацистичката армада од која беа систематски одведувани и уништувани во гасните комори. Се потсетуваме на шесте милиони жртви, на страотното, трагично и црно минато од нашата еврејска историја. Денешниот ден е и ден на човековиот хероизам, на човековото достоинство и непокор, рече директорот на Музејот на холокаустот Горан Садикарио.

Претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија Берта Романо Николиќ напомена дека денеска, како и секоја година, се одбележува денот на страдањето и јунаштвото зашто „без сеќавања, нема иднина“.

- Секоја година, па и оваа, 5.776 ден 27 нисан по еверјскиот календар, се сеќаваме со пиетет на оние кои мораа да умрат, но не онака како што умираат други луѓе. Нивната смрт е резултат на крвави раце, предизвикана од омраза, најниски пориви, грабежи и политички програми, меѓурелигиска омраза, нетолеранција и вековен анимозитет, потенцира Николиќ.

Сеќавањето, додаде, не смее да престане, тоа треба да е опомена за идните генерации, да знаат да изразат жалење за страдањето и губитокот, но истовремено да му се посветат на сеќавањето на жртвите што ќе помогне во спречувањето на повторување на злочинот.

- Проблемите колку и да се тешки, долготрајни и навидум нерешливи, да поминат без жртви и разорувања, без крв, тероризам и одмазди. Наместо омраза, фанатизам и исклучивост, да завладее разум, договор и почит. Денеска е ден кога сите треба да ја испитаме својата свест, кога свеста треба да ја преиспита и целото општество, порача Николиќ.

Во рамки на одбележувањето на Јом Ашоа, на кое присуствуваа и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски, како и амбасадорката на Франција во земјава Лоренс Оер, во Музејот на холокаустот е поставена и детска изложба, како дел од проектот „Толеранција, дијалог и соработка“. Изложбата, како што рече Садикарио, е со тешка тема, но заради поголема и возвишена цел - создавање здрави генерации, без предрасуди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...