Делегација на ВС на Унгарија ги посети караулата Богородица и полигонот Криволак

Скопје, 5 мај 2016 (МИА) - Делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од генерал Тибор Бенко, за време на денешната посета на караулата „Богородица“ се запозна со актуелната состојба на јужната граница поврзана со мигрантската криза.

Како што соопштуваат од службата за информирање на АРМ, пред унгарската делегација, придружувана од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, се презентирани дел од активностите кои АРМ ефективно ги спроведува согласно доделените задачи за зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница.

Од унгарската делегација, според соопштението, оцениле дека начинот на кој АРМ ги спроведува активностите при справување со заканите и ризиците предизвикани од мигранската криза, пред се, во спречување на нелегалните минувања и неконтролирано движење од страна на мигрантите, се од големо значење не само за безбедноста на Република Македонија, туку и за Европската Унија.

- Со примена на разновидни тактички мерки и процедури единиците на АРМ, ангажирани на јужната граница секојдневно успешно спречуваат многубројни поединечни и групни обиди за нелегални преминувања на државната граница, се вели во соопштението.

Претходно, делегацијата го посети армискиот полигон „Криволак“ каде беа презентирани можностите на полигонот за изведување специфична воена обука. Притоа припадници од полкот за специјални намени извеле тактичко показна вежба во еден  од капацитетите наменети за обука во урбана средина.

Во тек на дводневната посета генералите Величковски и Бенко се истакна потребата од координирано настапување и споделувањето на искуствата и научените лекции помеѓу партнерските армии кон постигнување на заедничките цели во предизвиците од мигрантската криза, како и континуирана размена на стекнатите искуства што е и една од целите на НАТО воениот сојуз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...