Во велешкото село Отовица отворен Дом за пензионери

Велес, 6 мај 2016 (МИА) - Здружението на пензионери од Велес  денеска на празникот Ѓурѓовден го пушти во функција Домот за пензионери во велешкото село Отовица во близина на Велешкото Езеро Младост.
 
Домот е целосна реконструкција на поранешната Општинска - административна зграда во која било сместено Матичното одделение во село Отовица. Таа била изградена во педесетите години на минатиот век, а функционирала  се до 1968 година кога била напуштена.
 
Како што информира за МИА, Веле Алексоски претседател на Здруженето на пензионери, тие со сопствени средства во висина од 20 илјади евра извршиле целосно надворешно реконструрање на старата запуштена зграда, а набавен е и нов мебел за опремување на домот. Зградата е со 130 метри квадратни и има три простории: сала за состаноци,кујна,трпезарија.
 
- Освен за дружења на пензионерите и младите од село Отовица таа ќе служи и за состаноци на Месната заедница и други потреби за жителите од село Отовица и околните 12 населени села  во околината на Езерото Младост односно селата Сујаклари,Маматчево,Иванковци,Кумарино и останатите.Овој Дом ќе има регионално значење за жителите од овој регион во повеќе области од локалното живеење.Воедно  во соработка со општина Велес планираме во него наскоро  да се извршуваат и некои административни потреби на жителите,информира Алексоски.
 
Според плановите на Здружението на пензионери од Велес, како што информира претседателот  Веле Алексоски, се планира и изградба на Воздушна бања за пензионери во село Ораовец, а идната година и Дом за пензионери во селото Подлес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...