Лазарова-Трајковска: Одлуката за помилување на претседателот е невообичаена

Скопје, 6 мај 2016 (МИА) - Судијата во Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова-Трајковска смета дека одлуката за општата аболиција на 56 лица од страна на претседателот Ѓорге Иванов е невообичаена, бидејќи покрива голем број луѓе и е многу генерализирана.

- Одлуката не е необична во однос на постапувања на претседатели во претседателски системи, изјави Лазарова-Трајковска денеска на маргините на промоцијата на Прирачникот за европското законодавство за заштита на податоците.

Спомена дека имало и други ситуации кога претседатели помилувале лица за кои била водена постапка и не била завршена, спомнувајќи го помилувањето на „Ричи“ од страна на Клинтон на последниот ден од неговото претседателствување. - Станува збор за поединечни случаи, односно помилување на еден човек во една постапка, а не за  генерално помилување, додаде таа.

Според Лазарова - Трајковска важно е да се има на ум дека станува збор за претседателски систем, а Република Македонија е парламентарна демократија.

Лазарова - Трајковска смета дека излез мора да постои во една ваква ситуација, затоа што во рамките на тие 56 лица има лица кои јавно излегоа со став дека нивните човекови права биле повредени.

- Во една ваква ситуација треба темелно да размисли целиот тим на советници  и на стручни експерти на претседателот кои ја донеле таа одлука, каде и во кој сегмент работата не била добро обмислена, додаде Лазарова -Трајковска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...