ЕБА: Решавање на политичката криза за да се одржи економската стабилност

Скопје, 6 мај 2016 (МИА) - Одборот на директори на Европската Бизнис Асоцијација (ЕБА) денеска оцени дека политичката криза во земјата негативно влијае врз економијата, деловната клима и условите за функционирање на бизнисите. 

По денешниот редовен состанок на одборот на директори ЕБА  соопшти дека голем број членки информирале оти нивните матични компании од ЕУ со загриженост ги следат состојбите во Република Македонија и се оценува дека земјата се повеќе се движи во насока на висока неизвесност и ризичност. 



- Политичката неизвесност и лимитираното функционирање на институциите предизвикува воздржаност и конзервативно однесувањее на компаниите и мајките инвеститори, и фокусирање на краткорични планови за менаџирање на тековните приоритети во работењето. Тоа може да резултира со одлагање или откажување на долгорочните проекти и планови кои би го стимулирале растот на нашите компании и отвoрањето на нови работни места, воведување на поголеми премии за ризици со што би се намалила  конкурентноста на македонската економија, се наведува во соопштението на ЕБА.

Потенцираат дека од тој аспект, одржувањето предвидлив и стабилен амбиент на стопанисување, е клучен фактор за  стабилноста на деловните субјекти и нивното непречено функционирање.

Од Асоцијацијата апелираат до сите релевантни учесници во креирањето на политичкиот дијалог и стабилноста во државата, за итно решавање на настанатата ситуација, со цел да се одржи економската стабилност, инвестициите и  долгорочниот економски просперитет на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...