Шилегов: Имотот ми е од легално пријавени приходи

Скопје, 23 мај 2016 (МИА) - Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска одговарајќи на новинарски прашања по барањето од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Андон Чибишев да каже како се стекнал со два стана, рече дека има онолку имот колку што му дозволиле неговите легално пријавени приходи во институциите.

Шилегов на прес-конференција рече дека е горд на адвокатската кариера, функционира на пазарот 22 години и оти може на кој било медиум да го елаборира целокупниот имот, со начинот на којшто го стекнал. 

- И од тоа ниту имам намера, ниту сакам, ниту бегам, рече Шилегов, истакнувајќи дека во Македонија законите треба да важат за сите подеднакво.

На прес-конференцијата повторно праша како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се стекнал со 118.629 евра на своите денарски и девизни сметки за една година.

Прашан дали има некакви разговори за решавање на политичката криза и што смета за иницијативата на ДУИ  да се обнови политичкиот дијалог портпаrолот на СДСМ рече дека додека не се поништи аболицијата не може да стане збор за политички дијалог.

- И ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ многу брзо во Собранието ќе мораат да се произнесат во однос на прашањето што остана нерешено, а што е сериозен предизивикувач на политичката криза, тоа е аболицијата. Во оваа држава, правото или ќе владее за сите, или нема да владее за никого. Додека не се поништи криминалната аболиција на Горѓе Иванов не може да стане збор за политички дијалог, рече Шилегов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...