Непријатност за македонската делегација на Гала вечерата на Самитот во Истанбул

Скопје, 24 мај 2016 (МИА) - На Гала вечерата која во чест на светските лидери ја приредил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во рамки на Самитот во Истанбул, непријатност кај турските домаќини и кај македонската делегација‎ предизвикала заедничката фамилијарна фотографија од Самитот на која претседателот Ѓорге Иванов е заведен како „Претседател на ПЈРМ“.



Непријатната ситуација, како што пренесуваат македонските известувачи од Самитот, ја решил лично претседателот Иванов.

Откако домаќините увиделе дека Иванов на заедничката фамилијарна фотографија од Самитот што е во организација на Обединетите нации, е заведен како „Претседател на ПЈРМ"  тоа предизвикало непријатност, бидејќи и самите тие не очекувале такво нешто. Македонскиот претседател лично ја пречкртал привремената референца ПЈРМ, под неа напишал Македонија и потоа го ставил својот потпис.

Турските домаќини изразиле жалење за оваа непријатност и со аплауз го дочекале ваквиот гест на македонскиот претседател, а поддршка за неговиот непосреден пристап искажале и дел од присутните лидери.

Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, каде што учествува на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул, во организација на Обединетите нации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...