Вељаноски: Политичарите да го следат примерот на св.Кирил и Методиј и дадат придонес за државата

Рим, 24 мај 2016 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, кој ја предводи државно-црковната делегација на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“, денеска од базиликата „Сан Клементе“ го честита празникот на македонскиот народ и порача на сплотеност на Македонците, јави известувачот на МИА.

Македонија и македонскиот народ по 48-ми пат во конитунитет, како што рече, дава почит на светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои што придонеле многу за писменоста на европските држави и особено за Македонците и македонскиот народ.

- Секогаш укажувам дека основна порака е оти треба да има сплотеност на Македонците и македонскиот народ за Македонија, затоа што тоа го заслужуваат и предците и потомците и иднината и минатото. Се да се вклопи во едно и сплотеноста да даде придонес за иднината на нашите деца, на Македонија и македонскиот народ, порача Вељаноски.

Тој додаде дека треба да ни бидат пример сите кои претходно придионеле, како што се браќата Кирил и Методиј и исто така и свети Климент за кој годинава одбележуваме 1100 години од упокојувањето.

- Тоа  е примерот за нас политичарите што треба во нашето време, за време на нашето политикување да придонесеме за државата која ја претставуваме, истакна Вељаноски по завршувањето на молебенот на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, со што се заокружи манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“, која годинава се одржа по 48 пат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...