Честитка од Иванов по повод Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Скопје, 24 мај 2016 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка по повод одбележувањето на 24 мај - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

-  Одбележувајќи го големиот празник 24 мај,  ја славиме историската и епохална мисија на солунските браќа. Големите просветители ја составија првата словенска азбука - глаголицата. Со помош на глаголицата тие ја препеаа Библијата на старословенски насочувајќи дека секој народ има право на проповед за делата Божји на својот мајчин јазик. Преку писмото, на идните генерации на автентичен начин им го пренесуваме она што сме го наследиле од нашите предци. Делата на светите браќа не учат дека сите луѓе се еднакви пред Бога, а јазикот на кој се молат на Бога му е еднакво мил, истакнува во честитката Иванов.

Република Македонија, како што вели, ја слави цивилизаторската мисија на големите сесловенските апостоли кои прифаќајќи ја светлината на знаењето на верата придонесоа кон втемелување на правото на еднаквост, јазик и култура.

- Сржта на просветителската мисија на сесловенските апостоли е во просветителскиот континуитет што се докажа преку продолжувачите на нивната поука и знаење, големите словенски дејци свети Климент и свети Наум, нагласува Иванов во честитката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...