Иванов: Јас не бранам криминалци, јас ги штитам интересите на државата

Скопје, 24 мај 2016 (МИА) - Потребно ни е национално помирување, вели претседателот Ѓорге Иванов, во разговор за германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, коментирајќи ја неговата одлука за помилување од 12 април.

Иванов одговара дека, ако е потребно, уште еднаш би ја донел истата одлука. - Јас не бранам криминалци, јас ги штитам интересите на државата, вели претседателот Иванов за германскиот весник.

- Разговорот со него води длабоко во сржта на поделбата на македонското општество, која се провлекува низ семејства, пријателства и соседства, и во историјата на Македонците, под влијание на насилство и теории на заговор, чиј идентитет од соседите на север, југ и исток одново и одново се става под знак прашалник, се вели во анализата под наслов „Македонија – Сто години борба за идентитет“.

Сегашната криза, објаснува претседателот Иванов, не е ништо друго туку само едно поглавје во историја на поделби која трае веќе повеќе од сто години. - Ние сме заробеници на менталитетот на нашите политичари, време е за нови лица, дециден е Иванов.

- И како што некогаш биле набуцкувани борбите во крилата на ВМРО од соседите, така денешниот македонско-македонски конфликт бил дело на надворешни сили. Македонија сака да стане членка на ЕУ и на НАТО - ова е едно од малкуте прашања, за кои вон сите политички и етнички јазови, владее единство, анализира германскиот весник.

Истовремено, весникот посочува и на проблемот за името со Грција.

- Југославија е веќе долго време мртва, само ние сеуште ја носиме во името, вели претседателот Иванов. „Тоа е некрофилско име“, го пренесува германскиот весник ставот на македонскиот претседател.

Поради спорот за името, пренесува „Фракфуртер алгемајне цајтунг“, Грција го спречува влезот на Македонија во НАТО и отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ - иако Европската комисија секоја година веќе седум години по ред го препорачува отпочнувањето на пристапните преговори.

- Ова е вистинската причина за фрустрацијата на младата генерација, вели Иванов.

Ако прашате за можни излези од кризата, на сите страни ќе добиете два можни одговори: во подобриот случај тоа е беспомошност, како решение се гледа само поразот на спротивната страна, заклучува гермснкиот весник во својата анализа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...