Грчки пратеници бараат одовор од Коѕиас во врска со прашањето за името

Атина, 25 мај 2016 (МИА) - Грчките пратеници Дора Бакојани, Јанис Кефалојанис и Јоргос Кумуцакос, упатија официјално прашање до министерот за надворешни работи Никос Коѕиас во врска со ставовите на грчката Влада за прашањето за името на Македонија.

Пратениците сметаат дека има повеќе „спротивставени ставови на владини претставници во врска со критичното прашање за името“ и затоа бараат Коѕиас да го објасни официјалниот став на МНР, „со оглед на тоа што ставовите на неколку членови на Владата и на парламентарната група се поинакви од националната линија што ја утврдија политичките лидери уште во април 1993 година и остана константна за сите влади што следуваа“.

Во прашањето до Коѕиас, тие потсетуваат дека министерот за одбрана Каменос, во последната парламентарна распарава „јасно стави до знаење дека националната линија, каква што ја утврдија политичките лидери во април 1993 година, не е променета“.

„Вие, напротив, во неколку наврати изјавивте дека Грција има направено значајни чекори во насока на заемно прифатливо сложено име со географска одредница за севкупна употреба“, се вели во писменото прашање и се додава дека неколку членови на Сириза, вклучувајќи и пратеници и министри, „повремено го изразуваат своето мислење во корист на тоа да остане моменталното уставно име на Скопје, а тоа е Македонија“.

Поради сетоа ова, Бакојани, Кефалојанис и Кумуцакос бараат од Коѕиас да соопшти „каков е ставот на Владата и на Министерството за надворешни работи за прашањето за името на Скопје“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...