Уставниот суд ги поништи одлуките за распуштање на Собранието

Скопје, 25 мај 2016 (МИА) - Уставниот суд денеска донесе едногласна одлука со која се поништуваат Одлуката за распуштање на Собранието на РМ од јануари 2016 и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на РМ од февруари 2016 година.

Според Судот, одложеното дејство на одлуките е главниот аргумент за оспорување односно поништување на Одлуката за распуштање на Собранието.

Судот оцени дека не може да се носи одлука за распуштање на Собранието со одложено дејство, бидејќи тоа е спротивно на Уставот на Република Македонија.

На седницата пред една недела Судот изрази сомневање за одлуката и едногласно одлучи да поведе постапка по иницијативата на пратеникот Талат Џафери од ДУИ за оценување на уставноста. Притоа, уставните судии донесоа и времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.

Парламентот истиот ден (на 18 мај) одржа седница на која беа направени повеќе измени и дополнувања на закони, меѓу кои и на Изборниот законик, со што беа одложени изборите закажани за 5 јуни.

Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавување во Службен весник на РМ, односно во првиот нареден број.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...