Меморандум за соработка меѓу Министерството за првда и Универзитетот на ЈИЕ

Тетово, 25 мај 2016 (МИА) - Министерот за правда Валдет Џафери и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика денеска потпишаа меморандум за соработка. Со него се овозможува стручни кадри од Министерството да им дадат соодветна помош на студентите од Правниот факултет на УЈИЕ што сакаат да полагаат правосуден испит.

Министерот Џафери посочи дека ова е првпат Министерството да потпишува ваков договор со некоја високообразовна институција во Македонија.

- Процесот што го финализираме денеска започна уште додека министер за правда беше професорот од УЈИЕ Аднан Јашари и еве сега јас го потпишувам како поранешен студент тука. На овој начин Министерството ќе им излезе во пресрет на сите студенти заинтересирани да го полагаат правосудниот испит со нашите експерти кои ќе им помогнат со успех да го положат овој испит како важен дел од нивната понатамошна кариера по завршувањето на факултетот изјави Џафери.

За ректорот на УЈИЕ Дика денеска потпишаниот меморандум е само продолжение на добрата соработка на двете институции.

- Имам големо задоволство да соработувам со нашиот поранешен студент сега министер за правда Валдет Џафери кој сега е во позиција да придонесе во овој важен сектор од општественото живеење со знаењата и компетенциите што ги стекнал за време на школувањето на УЈИЕ. Можноста за полагање на правосудниот испит за време на студирањето е и продолжување на нашиот правец за практично применување на знаењата така што нашите студенти ги стекнуваа за време на нивните студии така што подготвени излегуваат на пазарот на трудот, рече Дика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...