Поведена постапка за одредби од Законот за административни службеници

Скопје, 25 мај 2016 (МИА) - Уставниот суд денеска поведе постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за административни службеници, кои предвидуваат вработените административни службеници до раководното лице во институцијата во која работат да достават докази за познавање на странски јазици и работа со компјутерски програми.

Поведена е постапка за членовите 108 и 109 од Законот за административни службеници.

Во член 108 од Законот е наведено дека административниот  службеник  кој  засновал  работен  однос во институцијата треба до секретарот, односно раководното лице на институцијата во  која  не  се  назначува  секретар  да  достави  докази  за  познавање  странски  јазици  и  познавање работа  со  компјутерски  програми за канцелариско  работење,  соодветни  на  нивото  на  неговото  работно
место од денот на започнувањето со примената на овој закон, односно во рок од една година од денот за пристапување на РМ во ЕУ.

Преку  оваа  одредба  се  предвидуваат  дополнителни  услови  за вработените административни службеници кои не важеле, односно не постоеле во времето кога тие се вработувале.

Како што е наведено во законските одредби, административниот службеник кој нема да достави докази за познавање странски јазик и работа со компјутери до раководното лице ќе биде распореден на работно место едно ниво пониско, а за оние кои се на најниско ниво ќе има намалување на платата од 10 отсто. Овие одредби, како што се вели во Законот, не би важеле за лицата кои имаат уште 10 години до пензија.

Иницијативата до Уставниот суд е поднесена од Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...