Петмина обвинети за неовластено производство на дрога ја признаа вината

Скопје, 25 мај 2016 (МИА) - Соочувајќи се со предочените докази од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, петмина обвинети за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, на првото рочиште ја признаа вината, по што судот донесе  пресуда по признание на вина, соопшти денеска Јавното обвинителство на РМ.

Обвинителството, како што е наведено во соопштението, ги товареше обвинетите дека во периодот од ноември 2014 до јули 2015 година со умисла се здружиле за вршење на кривични дела. Тие преземале меѓусебно поврзани дејствија, со искористување исти прилики и други слични околности што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со координирано преземање на истражни дејствија, како и употреба на Посебни истражни мерки и други истражни дејствија  прибра релевантни докази кои ја докажуваат вината на обвинетите. Обвинителниот акт беше поднесен во јануари годинава и тоа против лицата Р.М. за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а останатите четворица А.А., З.Б., М.Т. и М.А. за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Судот на осудените им изрече казни затвор во времетраење од три до пет години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...