„Турандот“ вечер на Мајски оперски вечери

Скопје, 26 мај 2016 (МИА) - Во рамки на 44. Мајски оперски вечери денеска ќе биде изведена операта „Турандот“ на Џакомо Пучини со гостување на уметници од повеќе земји. Режисер, сценограф и костимограф е Џанкарло дел Монако од Италија, од каде е и диригентката  Џанa Фрата. 

Во насловната улога ќе биде Оксана Крамарева од Украина. Симоне Фредијани од Италија ќе настапи како Калаф, а во ролјите на Лиу и Тимур ќе настапат Сандра Митровска и Игор Дурловски. Дел од екипата се и Кристијан Антовски, Дарко Нешовски, Дејан Стоев, Славчо Димовски, Марјан Николовски, Дарко Нешовски и Тихомир Јакимовски, како и хорот на Македонската опера и балет.

„Турандот“ е опера во три чина напишана по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони. Текстот се базира на истоимената драма од Карло Гоци во адаптација на Фридрих Шилер.  Пучини не ја допишал операта и по неговата смрт таа била завршена од Франко Алфано.

Светската премиера била во Скала во Милано на 25 април 1926 година, под диригентство на Артуро Тосканини. Операта тогаш била изведена според музиката на Пучини, без дополнувањата на Алфано.

Џанкарло дел Монако е режисер и на обновената „Турандот“ која МОБ ја постави пред два месеца по 14 години од првата изведба во Македонија. Оваа опера важи за една од најпопуларните на италијанскиот композитор Пучини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...