Седници на три собраниски комисии

Скопје, 26 мај 2016 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и Комисијата за образование, наука и спорт.

На дневниот ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2015 година, како и предлог-одлуките за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година, на Програмата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година и на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година.

Годишниот извештај на Македонската радио-телевизија за 2015 година е единствената точка по која на денешната седница ќе расправаат членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија. 

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправаат за Предлог - законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје и по Предлог – законот за изменување на Законот за високото образование, и двата во второ читање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...