47. Светска галерија на карикатури во „Остен“ од денеска до 16 јуни

Скопје, 26 мај 2016 (МИА) - Во Галеријата на „Остен“ од денеска до 16 јуни ќе бидат претставени селектираните дела од учесниците на 47. Светска галерија на карикатури. Критериум за учество бил делата да се  оригинални, рачно цртани карикатури, сатирични цртежи и стрипови. 

На конкурсот оваа година биле пријавени 260 карикатуристи со 1.027 дела од 36 земји во светот. Првата селекција ја направи познатиот карикатурист од Србија Недељко Убовиќ, а за наградите  одлучило петчленото интернационално жири: Градимир Здравковиќ од Канада, Марсија Гаглиарди од САД, Мурат Ердоган од Турција, Мустафа Рамезани од Франција и Мице Јанкуловски од Македонија. 

- Нивна заедничка оценка е дека на овогодишното издание на Светската галерија на карикатури се испратени карикатури, сатирични цртежи и стрипови со извонреден квалитет како во идејата и пренесувањето на пораката, така и во уметничкото изразување што, патем, нивната работа ја направи исклучително тешка. Без оглед на разликите во стиловите и медиумите, карикатуристите кои учествуваа на натпреварот ги изразија своите погледи, грижи, критики и предвидувања преку универзалниот јазик на карикатурата. Од таа богата конкуренција на нацртани идеи и пораки, произлегоа и одлуките на жирито, соопшти „Остен“.

Прва награда за сатиричен цртеж и е доделена на Слава Казаневски од Украина, прва награда за карикатура доби Слободан Срдиќ од Србија, прва награда за стрип доби Билиг Ба од Кина, а наградата „Цицо“ за македонски карикатурист ја доби Владимир Боројевиќ од Македонија.

Добитници на Посебна награда се: Даниел Едуардо (Аргентина), Григориј Дроботун (Русија), Ириен Трендафилов (Бугарија), Константин Казанчев (Украина), Мариан Лупу (Романија), Михел Моро Гомез (Куба), Мојмир Михатов (Хрватска), Поја Сарех (Велика Британија), Сунчица Божиновска (Македонија) и Владо Волаш (Србија).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...