Промоција на книгата „Ова е ваше време“ од Десанка Николова во Кочани

Кочани, 26 мај 2016 (МИА) - Во организација на Здружението за наука и уметност „Стари поток“ од Кочани, синоќа во Основното училиште „Никола Карев“ пред голем број ученици и наставници беше промовирана најновата книга стихови за деца „Ова е ваше време“ од поетесата Десанка Николова, која живее и работи во Велес.

- Во оваа книга низ стихови многу колоритно и ненаметливо е опеан животот на детството. Низ шест циклуси стиховите се посветени на најмалите, за здравата храна, за месеците од годината,  за училишните денови па се до првата ученичка љубов, истакна Лили Арсова поетеса од Велес, промотор на книгата.

Инаку ова е втор град каде што гостува хуманитарниот караван со оваа поетеса, кој во наредните денови ќе посети уште неколку градови во Македонија.

За Здружението за наука и уметност „Стари поток“ од Кочани ова е втора промоција на книга, а се најавува средба со роднокрајни автори од Кочани и Виница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...