„Златна камера 300“ за животно дело за холандскиот кинематографер Роби Милер

Скопје, 26 мај 2016 (МИА) - Холандскиот и светски познат кинематографер Роби Милер (1940) е добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржува од 10-ти до 17 септември во Битола.

Одлуката за наградата денеска на прес-конференција ја соопшти новиот директор на фестивалот Благоја Куновски-Доре, кој рече дека со неа „Браќа Манаки“ на најдобар можен начин ќе го прослави и круниса извонредниот креативен и уметнички опус на еден од најголемите директори на фотографија кој, како што рече, е еден од десетте великани-кинематографери  на сите времиња. 

За филмот „Спроти брановите“ во режија на Ларс фон Трир пред две децении  во Битола Роби Милер ја доби Бронзената камера 300, а во  2002 година, на 23. ИФФК, ја доби Специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Тогаш беше и претседател на жирито за доделување на наградите на филмовите кои беа во натпреварувачката програма. 

Од 2010 Милер е врзан за инвалидска количка, не е во состојба да патува и затоа нема да дојде во Битола. За отворањето на фестивалот во Битола е поканета неговата сопруга Андреа, а статуетката на Роби Милер на 3 јуни ќе му ја врачи директорот на ИФФК Куновски во Амстердам.

Таму, во Eye Film Institute, идниот петок ќе биде отворена тримесечна ретроспективна изложба „Мајстор на светлината“ на која ќе биде претставен опусот на Милер, соработки со филмски автори низ фотографии, видеа и инсталации.

Роби Милер има снимено над 80 филма и 15-ина ТВ-филмови. Најмногу сорабтувал со режисерот Вим Вендерс, чиј прв долгометражен филм „Summer In The City“ го снимил  1969 година. Во нивната долга и плодна соработка се и насловите „The Goalkeeper Fear Of The Penalty“, „Alice In The Cities“, „Paris, Texas“ - награден со Златна палма во Кан во 1983 година.

- Понатаму се е филмска легенда. Го нарекуваат и мајстор на светлината и инспирација на режисерите Вендерс, Џармуш, Фридкин. Ги снимил дел од најзначајните филмови од опусот на Ларс фон Трир. Во неговиот опус има ремек-дела во црно-бела техника, рече Куновски кој поканата за наградата му ја соопштил на Милер во писмо на крајот на минатата година. 

На својата прва прес-конференција како директор на ИФФК, Куновски рече дека е сведок на создавањето на фестивалот, од 1995 година е негов селектор и, како што рече, сите директори на ИФФК му биле драги соработници.

- Гордоста наша е дека првиот фестивал во светот посветен на кинематограферите веќе има и Клуб на великаните со 20 лауреати на „Златната камера 300“ за животно дело, додаде Куновски.

Уметничкиот директор на ИФФК Евгенија Теодосиевска рече дека фестивалот ја подготвува програмата за 37-мото издание во септември. 

- Малку доцниме со почетоците, но нашата вредна екипа, избрана од директорот Куновски, нема да потфрли воопшто. Сите планирани програмски содржини квалитетно ќе ги исполниме, како и секогаш во сите фестивалски изданија, додаде Теодосиевска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...