Во Прилеп се одржуваат „Денови на Крали Марко“

Прилеп, 26 мај 2016 (МИА) - Со литературни и ликовни творби за Крали Марко, денеска во Прилеп, пред споменикот на овој легендарен јунак во центарот на градот, се одржува манифестацијата „Денови на Крали Марко“.
 
Ученици од основни прилепски училишта читаа литературни творби посветени на јунакот од народните преданија и легенди и за марковите Кули.  
 
Снежана Ристеска, советник за култура во прилепската локална самоуправа информира дека оваа манифестација се одржува 10 пат,а инспирација на училиштата, е ликот на легендарниот Крал Марко.
 
- Дел од учесниците имаат свои литературни творби, а дел ќе го изработуваат Крал Марко од пластелин, глина. Историските секции од училиштата ќе одржат презентација на прилепското кралство, вели Ристеска. 
 
Градоначалникот на прилеп Марјан Ристески потенцира дека последниот прилепски и македонски крал - Марко е дел од синонимите за Прилеп. 
 
- Денеска се слават „Деновите на Крали Марко“, тука, во неговиот роден град, во Прилеп или наречен и како „Марков град“. Денеска пред неговиот споменик во центарот на градот е целодневната програма, а вечер, во чест на манифестацијата, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ годишен концерт ќе има основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“. Се е во спомен на легендарниот јунак по кој е познат и Прилеп, а кулите над градот го носат неговото име, вели Ристески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...