Беровски ученици од угостителско-туристичката насока на практична настава во центри во Италија

Берово, 26 мај 2016 (МИА) - Учениците од ОСУ „Ацо Русковски“ Берово од угостителско - туристичката насока ќе ги надоградуваат своите вештини и знаења со практична настава во центри во Италија, како дел од Програмата Еразмус плус и прифатената апликација од училиштето, со цел стручно образование и обука и мобилност на учениците.
 
Вредноста на грантот е во вкупен износ од 75.036,00 евра во денарска противвредност, а како што потенцираше за МИА директорот на среднишколскиот училишен центар, Гоце Џавлевски, на учениците  ќе им биде овозможено да патуваат два пати годишно по 15 дена во Италија.
 
- Засега е предвидено да бидат две групи од по 16 ученици кои ќе учествуваат во оваа образовна програма. Во рамки на програмата, учениците ќе ги зголемат своите знаења и вештини, ќе имаат можност за размена на искуства, а ќе им помогне во идната професија и во вработувањето. За самото училиште, оваа програма ќе придонесе за издигнување на стручната насока на повисоко ниво, рече Џавлевски.
 
Првата група од 16 ученици ќе заминат за Италија на стартот на идната учебна година, додека втората група,  во второто полугодие. Инаку, во беровскиот средношколски училишен центар во моментов околу 90 ученици посетуваат настава во угостителско-туристичката насока.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...