Заменик-министерот Максути во Букурешт на конференција за безбедносните предизвици на Балканот

Скопје, 26 мај 2016 (МИА) - Заменик-министерот за одбрана, Беким Максути, денеска и утре учествува на меѓународна конференција во Букурешт, Романија, посветена на безбедносните предизвици на Балканот, во организација на Новиот Стратегиски Центар, романска тинк-тенк организација и од Универзитетот од Букурешт.

Во обраќањето денеска заменик-министерот Максути посочил дека земјите од Југоисточна Европа и пошироко во Евроаталнтската област денес се соочуваат со бројни безбедносни предизвици и закани како тероризмот, организираниот криминал, верскиот радикализам и екстремизам, сајбер нападите и многу други, соопшти денеска МО.

Тој додал дека не постои земја, која е имуна на предизвиците и заканите, особено имајќи предвид дека денешниот современ свет се карактеризира со брзи, комплексни и динамични промени кои носат брзо еволуирачки предизвици и закани.

Како пример, стои во соопштението од МО, заменик-министерот ја споменал мигрантската криза која, се подвлекува, сериозно ги предизвика безбедносните системи не само на земјите-членки на Алијансата и на ЕУ, туку и земјите од т.н. „Западен Балкан“.

- Мигрантската криза покажува дека потребата за безбедност денес е универзална затоа што ниту една земја не може да биде комплетно изолирана од безбедносните предизвици. Балканските држави ја интензивираа својата соработка во сите области, вклучувајќи ја одбраната и безбедноста. Тоа придонесе кон изградба на здружени механизми за справување со актуелните закани, рекол тој.

Од аспект на Република Македонија, заменик-министерот порачал дека НАТО и ЕУ се клучните столбови на безбедноста, особено преку улогата на овие организации во развојот на демократијата и демократските вредности,како и реформите во безбедносниот сектор.

- Република Македонија е свесна за влијанието на глобалните стратегиски промени. Ние континуирано ги надградуваме постојните, но развиваме и нови способности за справување со безбедносните предизвици, на национално и меѓународно ниво, нагласил Максути, стои во соопштението.

Пред присутните заменик-министерот порачал дека Македонија ги следи безбедносните предизвици во регионот, ги развива сопствените капацитети и останува на патот на евроатлантските интеграции.

На маргините на конференцијата заменик-министерот остварил одвоени средби со државниот секретар во Министерството за одбрана на Романија, Стефан Александру Тинка и со началникот на Генералштабот на романските вооружени сили, генералот Николае Циука. На средбите заменик-министерот изразил задоволство од одличната соработка помеѓу двете министерства, армии и држави и порачал дека постои простор истата да се продлабочува во иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...