Крводарителска акција во Дебар, собрани 30 крвни единици

Дебар, 26 мај 2016 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст во Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска спроведе крводарителска акција, во која се собрани 30 крвни единици.

- За да ја даруваат нивната драгоцена течност се пријавија четириесеттина лица, а крв даруваа триесет. Акцијата може да се оцени како една од многуте успешни, посебно што се почесто, крводарители стануваат млади лица, вели Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

Според него, ова е четврта по ред, од планираните дванаесет редовни и една вонредна крводарителска акција за годинава.

- Дебарчани се познати по својата хуманост кога станува збор за добоволното крводарување. Повеќе години наназад годишниот план не само што е исполнет туку во просек сме собрале по 15 насто крвни единици повеќе од планираните, додаде Телќиу, кој и самиот е повеќекратен крводарител

За годинава, додаде тој, годишниот план изнесува 744, а до сега прибрани се 234 крвни единици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...