Средба на вицепремиерот Адеми со косовскиот амбасадор Хиса

Скопје, 27 мај 2016 (МИА) - Македонија и Косово имаат пријателски односи и одлична соработка, а како приоритети од заемен интерес и понатаму остануваат градењето на добрососедство, интензивирање на регионалната и мултилатералната соработка и поефикасното искористување на европските фондови за тековните и нови проекти, како и натамошниот развој на економската соработка.

Ова заеднички беше констатирано на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и Илбер Хиса, амбасадорот на Косово во Македонија.

Амбасадорот Хиса, информираат од СЕП, му го честиташе на вицепремиерот Адеми назначувањето на новата функција со надеж за унапредување на досегашните достигнувања, не само во процесот на интеграција, туку и во билатералната и регионалната соработка.

Како позитивен пример на продлабочувањето на билатералните односи и зајакнување на економската соработка соговорниците го истакнаа неодамнешното стапување во сила на Спогодбата за условите за патување на државјаните на двете земји.

- Вицепремиерот Адеми истакна дека двете земји делат ист стратешки приоритет-членство во ЕУ и дека ЕУ перспективата за земјите од Западен Балкан, вклучително и за Македонија и Косово, е единствената гаранција за стабилноста и просперитетот во овој дел од Европа и дека е обврска и на земјите кандидати и на Европската комисија е да го задржат фокусот на политиката на проширување, а во таа насока го поздрави предлогот на ЕК за визна либерализација со Косово, соопшти СЕП.

Во однос на актуелните политички случувања во земјата соговорниците истакнаа дека по Одлуката на Уставниот суд со која се овозможи враќање на Собранието и откажување на изборите, во наредниот период значајно е да се преземат чекори за целосно исполнување на обврските од Политичкиот договор на инклузивен и транспарентен начин, со посебен фокус на исполнување и на обврските од Итните реформски приоритети.

На крајот од средбата соговорниците го поздравија одржувањето на претстојниот Париски самит кој е продолжение на Берлинскиот процес и Виенската декларација и претставува уште една потврда за поддршката на проширувањето, бидејќи истиот е фокусиран на економскиот развој, поврзувањето и младите и претставува одлична можност за продолжување на соработката со земјите од Западен Балкан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...