МОН набави уште 20 интерактивни табли за училиштата

Скопје, 27 мај 2016 (МИА) - Министерството за образование и наука набави уште 20 интерактивни табли кои во текот на јуни ќе бидат распределени во дваесет училишта низ Македонија. Од почетокот на проектот се набавени сто т.н. смарт-табли наменети за основните и за средните училишта.

Проектот за опремување на училиштата со овој вид информатичко-комуникациска технологија Владата и МОН го почнаа пред две години со цел да се модернизираат условите за настава и да се развијат ИКТ-вештините на учениците.

- Министерството за образование и наука со одлука на Владата се обврза секоја година да набавува интерактивни табли во вредност од три милиони денари за потребите на училиштата. Во изминатите две години реализиравме набавка на сто интерактивни табли за нов и современ пристап во изведувањето на наставата, рече денеска на прес-конференција заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски. 

Распределбата на интерактивни табли секоја година се прави врз основа на повеќе критериуми, меѓу кои се бројноста на учениците и недостигот на ваков вид технологија во училиштата.

Ристовски додаде дека МОН ќе продолжи со нови набавки на интерактивни табли кои во иднина треба да ги заменат класичните табли, кредите и сунѓерите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...