Претставата „Разговори во четири очи“ гостува на ФЕМАРТ во Приштина

Скопје, 27 мај 2016 (МИА) - Македонскиот народен театар со претставата „Разговори во четири очи“ на 30 мај во Приштина ќе гостува на 4. Фестивал на жени уметници во борба за човечки права - ФЕМАРТ. 

Претставата од Ингмар Бергман во режија на Нина Николиќ е копродукција на МНТ и Скопје филм студио и ќе биде изведена во Народниот театар во Приштина на затворањето на ФЕМАРТ кој почна на 25 мај.

- Оваа претстава се надоврзува на идејата на фестивалот за претставување и прикажување дела и активности од женски автори и изведувачи: режисери, драматурзи, актери, уметници, поетеси, музичари..., соопшти МНТ.

ФЕМАРТ е единствен женски фестивал во Косово и најголемиот во регионот, организиран од Артполис. Фестивалот прикажува оригинални и уметнички креации во повеќе категории: театар, документарни филмови, работилници, изложби, промоции на книги, концерти, поезија и други уметнички форми од уметници од Косово, регионот и од Европа.

Во шестдневната програма се триесетина целодневни активности со над 100 учесници на осум различни локации во Приштина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...