Иванов ги поништи помилувањата за политичарите

Скопје, 27 мај 2016 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов денеска донесе одлука за поништување на помилувањата за 22 лица, како што наведе, сите политички експонирани лица.

- Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца, истакна Иванов попладнево во обраќањето до граѓаните во претседателската вила „Водно“.

Тој посочи дека сите други лица кои беа помилувани на 12 април, согласно законските измени, имаат можност  да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.

Не сакам, нагласи Иванов, веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот.Ниту еден политичар не е недопирлив. Напротив, секој ќе одговара за своите постапки, наведе Иванов.

За разлика од 12 април,  според претседателот Иванов, денеска имаме нова реалност во Македонија. - Во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците од мигрантската криза, особено во пресрет на најавите за новиот бран на бегалци и мигранти, посочи претседателот на државата.

За одлуката што ја донесе на 12 април за помилување – ослободување од гонење без спроведување постапка, за поголем број лица, согласно Уставот и Законот за помилување, рече дека како тогаш, така и сега смета оти ја донел исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

Многумина, наваде, за жал, не ја разбраа оваа идеја, или можеби не сакаа да ја разберат. Дебатите и во домашната и во меѓународната јавност отидоа во друг правец. Бев обвинуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите,дека сум креирал селективна правда, дека политичарите се над законите.Најсовесно изјавувам дека немав таква намера, посочи претседателот Иванов.

Потенцира дека искрено верувал и сѐ уште верува оти одлуката за помилување била најдобрата можност за излез од политичката криза.

- Убеден сум дека без враќање на меѓусебната доверба и без помирување во која било форма, оваа криза ќе трае уште долго, што не е од интерес ниту за граѓаните, ниту за државата. Сакам да порачам, дека како и досега, така и во иднина, секогаш сум подготвен да помогнам за надминување на кризата, рече во обраќањето претседателот Ѓорге Иванов.

Со одлуката од 12 април годинава, претседателот Иванов помилува вкупно 56 лица. Во образложението на одлуката наведе дека ја донел во интерес на државата и на нацијата со цел да и стави крај на политичката криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...