Голем интерес за можностите кои што ги нуди Австралија: Позитивни реакции и масовност на првиот досега Австралија Експо

Скопје, 28 мај 2016 (МИА) - Викенд на максимален спектрум на информации и можности за сите македонски студенти, туристи и инвеститори. Викендот е одбележан со реализација на саемот Австралија Експо што се проследува со огромна посетеност и интерес од македонските граѓани. Настанот предизвикува вистинско воодушевување кај присутните како резултат на добрата организација и координација и позитивната енергија од сите излагачи и претставници како од Македонија така и од странство.

Овој саем се организира за прв пат до сега во нашата држава, но и на Балканот, и успева да го концентрира интересот и фокусот на сите македонски граѓани во однос на сите поволности што ги нуди Австралија. Организацијата и координацијата на самиот саем се карактеризираат со врвна подготвеност и успешност и сето тоа докажува дека Македонија може да се носи со ваквите првични и големи настани и тоа од светски рамки. Посетеноста на Австралија Експо ги надминува очекувањата на организаторите на самиот настан и врши максимална сатисфакција кај сите присутни со детално и целосно понудените информации од областа на студирање, патување и инвестирање.

“Соработката помеѓу Македонија и Австралија се темели на долгогодишни и стабилни основи традиции и самата реализација на Австралија Експо придонесе за уште полојална и позитивна соработка помеѓу овие земји. Пред да се реализира настанот имавме очекувања дека Австралија Експо ќе биде проследен со голема посетеност, но сепак присуството на регистрираните учесници ги вивна нашите очекувања на многу повисоко ниво и на наше големо задоволство ги остваруваме максимално претходно поставените цели. Се надевам дека реализацијата на Австралија Експо им овозможува дополнителна информираност на граѓаните за сите поволности што ги нуди Австралија од областа на студирање, патување и инвестирање. Исто така, би било големо задоволство доколку ваквиот настан прерасне во годишна традиција во рамките на нашата држава и континуирано да бележи ваква огромна посетеност и заинтересираност кај македонските граѓани. Би сакал да се заблагодарам на поддршката која што ја добивам од конзултатот на Австралија во Република Македонија,” изјави Дејан Трајковски, Организатор на Австралија Експо

“Австралија Експо претставува едно од најголемите настани од ваков вид во рамките на Македонија. Со оглед на тоа што саемот се одржува за прв пат во Македонија и воопшто на Балканот, ни претставува огромно задоволство што капацитетите на хотел Мериот овозможуват да се реализира ваквата врвна организација и се дел од неверојатната атмосфера и енергија на самиот настан. Исто така, морам да изразам вистинско воодушевување за целата организација и координација на настанот и за огромната посетеност од страна на македонските граѓани. Воедно, се надевам дека ваквиот настан ќе се одржува секоја година и ќе можеме повторно да ја оствариме сегашната соработка со организаторите на Австралија Експо”, изјави Дирк Влирбум, Генералниот директор на хотел Мериот Македонија

“Успешноста во реализацијата на Австралија Експо се одвива со огромен интерес и масовност од страна на македонските граѓани и сето тоа резултира со наша максимална сатисфакција, бидејќи самиот настан придонесува дополнително зацврстување на веќе постоечката стабилна соработка помеѓу една од шесте сојузни држави во Австралија, државата Викторија и Македонија. Бизнис климата во Австралија нуди многубројни поволности за сите потенцијални инвеститори од Македонија кои ќе имаат одлична можност на денешниот саем да добијат многу повеќе информации и иновативни можности. Овој саем ги концентрира сите информации на едно место така што на полесен начин ќе ги дознаете целосно и дeтално процедурите за соработка со партнери во Австралија или основање на нов бизнис,” изјави Зејн Ребоња, претставник на Австралиската влада на Викторија



Македонските граѓани ќе имаат можност да се стекнат со огромна база на информации за тоа какви се условите за добивање на стипендија од горенаведените училишта, која локација во Австралија би била најповолна како туристичка дестинација од соништата, во кој сектор и на кој начин можат македонските инвеститори да инвестираат и како би можеле да се добијат спонзорирани визи. Се согледува дека посетеноста и интересот се во максимални рамки и тоа воедно докажува дека цврсто се поставени темелите на настанот од ваков вид и дека има голем оптимизам и ентузијазам за продолжување на ваквата традиција секоја година и пошироко на Балканот. Австралија Експо ќе биде отворен во сабота во Хотел Мериот до 20:00 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...