СДСМ: Само целосно укинување на аболицијата е решение

Скопје, 27 мај 2016 (МИА) - Опозициската СДСМ смета дека денешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов за поништување на помилувањата на политичари е, како што наведува во реакцијата, ново кршење на Уставот на Република Македонија, што дополнително ја продлабочува политичка криза во земјава.

СДСМ истакнува дека „само целосно поништување на аболицијата е решение“.

- Аболицијата мора целосно да се поништи и законот да важи подеднакво за сите. Тоа единствено е возможно преку гласање за автентичното толкување на Законот за помилување во Парламентот, со поддршка на сите партии, се вели во реакцијата.

Иванов, стои во реакцијата, им направи услуга на политичарите од ВМРО-ДПМНЕ коишто не сакаат да се поништи аболицијата за нив. Им отвори Иванов пат да не мора да побараат укинување на аболицијата а сепак правна, вистинска, фактичка разврска да нема поради неуставноста на одлуката. Само целосно поништување на аболицијата е решение, стои во реакцијата од СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...