Во Велес претставена поетската книга „Година без лето“ од Виолета Танчева Златева

Велес 27 мај 2016 (МИА) - Во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска беше претставена поетската стихозбирка „Година без лето“ од поетесата Виолета Танчева Златева, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на минатогодишните „Струшки вечери на поезијата“.

Промоторот на стихозбирката, Братислав Ташковски појасни дека стихозбирката на Танчева Златева претставува продолжене на препознатливата поетика на авторката која во изминатите десет години се развивала и добивала на квалитет.

- Оваа книга е врв на поетиката и препознатливоста која ја отсликува Танчева Златева, како еден зрел поет со оформена поетика и со препознатливо писмо. Стихозбирката е еден временски поетски календар којшто делува како една циклика. Таа е книга со рефлексии и книга која има поинакви социјални елементи и донесува нови содржини. Што е најважно, ја отсликува авторката која ја почитува традицијата, но и она што се вика модерно писмо и со својот ракопис остава трага во македонската поезија, потенцира Ташковски.

Во изјавата за медиумите авторката Танчева Златева потенцира дека многу и е значајна оваа престижна награда, како и фактот што стихозбирката е направена со помош на нејзините деца, бидејќи идејата за корицата на книгата е на ќерка и, а ја нацртал нејзиниот син.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...