ЛДП бара повлекување на аболицијата и оставка на Иванов

Целосно повлекување на аболицијата и оставка на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, побара Либерално-демократската партија (ЛДП), по синоќешниот состанок на Централниот одбор, на кој се анализираше актуелната политичка состојба во државата.

- Масовната аболиција од 12 април, а сега и селективната аболиција, потпишана од Иванов ја втурна Република Македонија во уште потешка и подраматична политичка, економска и морална криза. Селективните аболиции на политичари се несвојствени за демократските општества и длабоко ја погазуваат правната држава и принципите на владеење на правото, велат од ЛДП.

Централниот одбор на партијата, додаваат, смета дека поделбата на граѓаните, на тие за кои важи селективната правда и на оние за кои не важи правдата е недопустлива и надвор од разумот.

Затао, потенцираат, даваме недвосмислена и отворена поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство и апелираме што поскоро да се формира и Специјален суд, што ќе овозможи и правна разрешница на политичката криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...