Сервер: Решение за кризата се избори

Мислам дека прашањето за избори во Македонија, треба да се разбере како решение на политички проблем, и излез од кризата во кој се наоѓа земјата и јас верувам во тоа.

Работата е што СДСМ тврди дека изборниот механизам не е подготвен за изборите што требаше да се реализираат на 24 април и на 5 јуни годинава. Но, мислам дека тоа не е прашање кое со години треба да се дискутира. Важно е да има избори и изборен систем во кој секој ќе верува, и СДСМ да излезат на избори и макар и да ги загубат, тие треба да бидат подготвени за избори, изјави американскиот аналитичар и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон Даниел Сервер за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Според него, „сите влади имаат опозиции и некогаш опозицијата е во граѓанскиот сектор. - Еве и ние поминуваме низ изборен период во САД. Има опозиција кон Обама и Конгресот од страна на Републиканците и затоа има опозиција која оди против Обама. Тоа се развојни процеси во демократското општество, особено кога се случуваат скандали со прислушкувања, затоа се случуваат и демонстрации, појаснува Сервер.

Запрашан за прислушувањата професор Сервер вели дека не знае оти се вклучени странски служби во политиките на Македонија, но оти тоа не е важно и не е во интерес на решавање на ситуацијата.

За тоа дали се симулира обоена револуција заради рекомпонирање на Владата, со цел формирање марионетска влада која ќе прифати име на државата по барање на Атина, за да го откаже ветото за прием на Македонија во НАТО, што ќе го затвори јужното крило на НАТО, Сервер со одговор дека не знае за таков план или таков заговор.

- Демонстрациите се дел од демократското општество коишто ги имаме секојдневно во Вашингтон. Некогаш тие се големи, а некогаш мали. Немам проблем со тоа што луѓето протестираат за да го искажат своето мислење, вели Сервер.

Тој со став дека Грција мора да ја почитува Одлуката на Меѓународниот суд на правада во Хаг.

- Да, Грција ја има прекршено Одлуката на Меѓународниот суд на правдата. Неможе ниту една земја да направи нешто како што може тоа Грција да го направи., а тоа е да не го почитува словото на законот, односно законот и правдата. Таа не ја почитува одлуката на Меѓународен суд на правда, а која беше во корист на Македонија. Едноставно Грција мора да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, вели американскиот експерт за Балканот.

Навраќајќи се повторно за дестабилизацијата во Македонија и дали зад сето ова стои промена на името и идентитетот, американскиот аналитичар категоричен:„Каква било промена што ќе настане како резултат на преговорите со Грција е резултат на напорите на Македонија да влезе во НАТО. Тоа би требало да биде преговарано и да биде договарано од страна на Владата на Македонија. НАТО, ЕУ и ООН велат дека е важно, а и јас мислам дека е уште поважно Македонија да добие целосен статус, да влезе во НАТО, изјави американскиот професор и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон Даниел Сервер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...