Автомобил падна во река во Прилеп, загина жена, сопругот повреден

Прилеп, 30 мај 2016 (МИА) - Четириесет и тригодишниот Рубинчо Ујгуноски е надвор од животна опасност и ќе се лекува во Клиничкиот центар во Скопје, информираат од прилепската градска болница.  Ујгуноски ноќеска, по сообраќајната несреќа во Прилеп, беше префрлен во болницата. Тој е возачот на автомобилот „Опел астра“ кој ноќеска излета во Градска Река во Прилеп при што загина неговата сопруга, 35-годишната Јулијана Ујгуноска.

- Возилото излетало директно во реката, под мостот, при што сопатничката починала на лице место, додека возачот е итно пренесен во Градската болница, изјави доктор Натали Танеска Спиркоска од службата за Итна медицинска помош чии две екипи ноќеска беа на местото на несреќата.

Според хирургот Сашо Димитриески од прилепската Градска болница Ујгуноски е надвор од животна опасност.

- Тој е со повреди на главата и на раката. Направени се сите потребни испитувања и лекарите од соодветните специјалности утврдиле дека лицето треба да се упати на скопските клиники за понатамошен третман. Лицето кое ќе се транспортира е надвор од животна опасност, вели Димитриески.

До несреќата дошло во еден часот по полноќ кога од се уште непознати причини возилото ја пробило оградата од малиот мост на Градска Река кај Сточното пазариште на периферијата од Прилеп и завршило во реката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...