Златен медал „Андреј Бел“ за академик Ристо Василевски

Скопје, 30 мај 2016 (МИА) - Академик Ристо Василевски е добитник на Златниот медал што го носи името на рускиот писател, поет и теоретичар Андреј Бел, кој го одбележа Сребрениот век на руската литература. 

Наградата на Василевски му беше врачена од претставичката на Сојузот на писатели на Русија, поетесата Људмила Снитенко, на тукушто завршениот меѓународен фестивал на поезија „Словенска прегратка” во Варна, Бугарија. 

Златниот медал „Андреј Бел” на Василевски му е доделен „за врвен придонес во светската поезија и мајсторско продолжување на традициите на класичната литература“. По повод ова ново признание, реномираното московско книгоиздателство „Паблис” ја издаде книгата философеми од Василевски „Генезис мечты” („Генеза на мечтите”), а Руската академија за литература го прими академик Василевски за свој редовен член.

Организаторот на Меѓународниот фестивал на поезија „Словенска прегратка” од Варна на Василевски му ја додели плакетата „Кирил и Методиј”.

По меѓународните наградите „Михај Еминеску” во Романија и „Кристално перо” во Русија, ова е трето големо признание за поезијата на академик Василевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...