Филип Петровски избран за член на Извршниот и уредувачки одбор на EURBICA

Скопје, 30 мај 2016 (МИА) - Директорот на Државниот архив на Република Македонија Филип Петровски е избран член на Извршниот и уредувачки одбор на EURBICA – Европски регионален огранок на Меѓународниот архивски совет (European Board Of The International Council On Archives)

Д-р Петровски ќе стапи на должноста на 1 јуни 2016 година заедно со уште шестмина членови - претставници од неколку национални архиви: Џон Чејмберс и Дебора Џенкинс од Велика Британија, д-р Чарлс Фаруџа од Малта, Карин Ван Хонакер од Белгија, Одил Велфел од Франција и поранешната директорка на Хрватскиот државен архив д-р Влатка Лемиќ.

- Целите и задачите на EURBICA се во согласност со генералните цели на МАС: воспоставување, одржување и јакнење на односите меѓу архивистите во регионот и меѓу сите институции, професионални тела и организации што се занимаваат со заштита и со управување на архивски материјал; преземање мерки за заштита од сите ризици врз архивското наследство во регионот и понатамошен развој на сите аспекти на управувањето и заштитата на тој архивски материјал; олеснување на користењето на архивскиот материјал во регионот по пат на обезбедување информации, нивно објавување и овозможување полесен пристап до нив; промовирање, организирање и координирање активности на полето на архивистиката; олеснување на професионалната обука на архивистите во регионот; соработка на други организации и институции што се занимаваат со документација и користење документација во корист на човештвото и организирање семинари, симпозиуми и други средби на специфични теми од заеднички интерес на членките од регионот, соопшти Државниот архив на РМ.

ДАРМ е член на Меѓународниот архивски совет од 1992 година, во кој се вклучени преку 1400 институции од 190 земји во светот, со паролата која ги обединува: Архивите претставуваат сеќавање на народите и општествата, го обликуваат нивниот идентитет и се камен-темелник на информациското општество.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...