ГРОМ: Иванов да ги деклaсифицира информациите за одлуката за аболиција

Скопје, 30 мај 2016 (МИА) -  Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) денеска побара претседателот Ѓорге Иванов да ги декласифицира сите информации врз база на кои ја донел одлуката за аболиција.

- Со тоа, конечно граѓаните да ја дознаат вистината, кој што правел, со кој се договарал и соработувал, и со која цел ја предизвикал оваа криза, и како што повеќе пати има изјавено дека се вмешани странски служби, да излезе и пред јавноста да ги обелодени тие странски служби, бидејќи народот има целосно право да ја знае вистината, рече на прес-конференција претседателот ГРОМ Стевчо Јакимовски. 

Навистина е недозволиво, додаде Јакимовски, еден народ, со прочистен избирачки список да нема право да оди на избори, и да ги избере своите легитимни претставници, а од друга страна да нема право да ја дознае целата вистина, за тоа кој му ја подготвувал оваа политичка криза.

Претседателот на ГРОМ на прес-конференција наглaси и дека целосно ја поддржува изјавата на претседателот на Иванов дадена на Форумот во Сараево, со која, како што наведе, потенцираше дека Македонија е заложник на политиките на меѓународната заедница, и оти со 17 исполнети акциски планови за членство во НАТО станува земја рекордер, која со завршени обврски се уште не е полноправна членка на НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...