Иванов на Самит на Процесот за соработка во ЈИЕ во Софија

Софија, 31 мај 2016 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Република Бугарија, по повод учеството на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Македонскиот претседател денеска во Софија ќе има средба со претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, а во текот на утрешниот ден и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Претседателот Иванов утре во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што се одржува во рамки на бугарското претседателство со оваа регионална иницијатива.

На самитот, покрај домаќинот, претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, најавено е учеството и на претседателите на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Бујар Нишани, на Косово Хашим Тачи, на Молдавија Николае Тимофти, претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, премиерот на Романија Дацијан Циолош, заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Словенија Карл Ерјавец, генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и на генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...