Холандија очекува што поскоро решавање на кризата во Македонија

Скопје, 31 мај 2016 (МИА) - ЕУ перспективата и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на тој пат беа во фокусот на разговорите кои министерот за надворешни работи Никола Попоски ги имаше за време на неговата посета на Холандија со неговиот холандски колега Берт Кундерс, како и со членови на Комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент. 

- Холандија, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ и долгогдишен пријател и партнер за европската интеграција на целиот регион, сака да помогне да се придвижи македонското досие. Најдоброто сценарио е процесот на реформи да биде пресликан во рамката за водење на пристапните преговори. За таа цел потребно е час поскоро надминување на политичките предизвици со домашни ресурси. Кај Холандија како и повеќе земји членки, следниот чекор кон ЕУ се гледа во успешно спроведување на избори врз објективни критериуми. Перспективата за отворање на преговори е моќен инструмент за ЕУ процесот на пристапување, особено по клучните поглавја кои се поврзани со правосудството и внатрешните работи, посочи министерот Попоски, соопшти македонското МНР.

Воедно, се наведува, соговорниците ги истакнаа потенцијалите за унапредување на економската и соработката во областа на туризмот.

Министерот Кундерс, како што соопшти Холандското МНР, во разговорите во Хаг нагласил дека лидерите на главни политички партии во Македонија се одговорни за изнаоѓање излез од политичката криза.

- Тие мора да создадат услови за слободни фер услови и да се ангажираат во конструктивен дијалог. Се разбира, меѓународната заедница ќе помогне ако е неопходно. Одржувањето на слободни и фер избори се исто така дел од т.н. договор од Пржино и потребни се неопходни реформи, вклучувајќи ги и оние во областа на медиумите, истакнал Кундерс.

Тој, како што се наведува во соопштението, се осврнал критички на селективното повлекување на аболицијата на претседателот Иванов само за политичари кои се под истрага во врска со скандалот со прислушувањата.

- Селективната аболиција е против принципите на владеење на правото. Кога законот е прекршен, извршителите треба да бидат обвинети. Не смее да постои неказнивост, рекол Кундерс. Тој додал истакнал дека целосното спроведување истраги е дел од Пржинскиот договор кој беше постигнат со посредништво на ЕУ.

По средбата со Кундерс, министерот Попоски во реномираниот Институт за надворешни односи, Клингендај, лимаше излагање за предизвиците и можностите на процесот на проширување на Европската унија низ призмата на Република Македонија.

За време на посетата на Хаг, Попоски ја посети и Организацијата за забрана на хемиското оружје, при што со генералниот директор Ахмет Узумџу разговараа за досегашната успешна соработка помеѓу Република Македонија и оваа меѓународна организација и нејзиниот придонес кон глобалниот мир и безбедност, стои во соопштението од МНР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...